MANI Service

Directions Website Contact the business

MANI Service Официјален дилер и сервисер на Carrier Transicold за територијата на Република Северна Македонија i Република Бугарија.

Компанија со повеќе од 30 години искуство во транспортната ладилна индустрија. Официјален и единствен дистрибутер на Carrier Transicold за Македонија, Бугарија, Албанија и Косово. Ладилни уреди, резервни делови, сервисна поддршка - сè на едно место.

Од младо момче до вистински маж.Тоа е патот што нашиот Антонио го изоде заедно со Мани Сервис. Млад, брз, силен и енерги...
29/09/2026

Од младо момче до вистински маж.

Тоа е патот што нашиот Антонио го изоде заедно со Мани Сервис. Млад, брз, силен и енергичен. Секогаш подготвен да се фати за работа и без многу двоумење да влезе во секој нов предизвик.

Уште од првите денови кај него се гледаше нешто посебно – љубопитноста да открие како функционираат работите и желбата да навлезе сè подлабоко во системите за ладење. Со секоја година, секоја поправка и секој решен проблем, тоа младо момче растеше и созреваше заедно со нас.

Денес Антонио сè уште има многу пред себе. Да учи, да греши, да се докажува и да станува сè подобар во она што го работи. Но едно е сигурно – потенцијал има во изобилство.

А кога гледаме како напредуваат млади луѓе како него, знаеме дека не градиме само добри мајстори туку и иднината на Мани Сервис.

25/09/2026

Carrier Transicold - for the world we share!

Минатата седмица присуствувавме на IAA TRANSPORTATION 2026 во Хановер – еден од најголемите саеми за транспортната индус...
21/09/2026

Минатата седмица присуствувавме на IAA TRANSPORTATION 2026 во Хановер – еден од најголемите саеми за транспортната индустрија.

1.589 изложувачи од 46 земји и повеќе од 150 премиери и нови производи. Но, поголем впечаток од бројките остава токму насоката во која се движи транспортот.

Електрификација, автономно возење, AI, нови инфраструктурни решенија… Работи за кои до вчера зборувавме како за далечна иднина, денес веќе се реалност.

Додека светот зборува за висока технологија и напредни решенија, ние сè уште дискутираме за асфалт, дупки на патиштата, бирократски процедури, граници, царини и основна инфраструктура.

Како активен дел од транспортната индустрија, Мани Сервис ќе продолжи да ги следи новите технологии и да им ги доближува современите транспортни решенија на своите клиенти.

11/09/2026

РАЦЕ ШТО ЖИВОТ ЗНАЧАТ

Лојалноста не се докажува со зборови. Таа се гледа кога некој продолжува напред дури и кога патот не е лесен.Ако некој в...
02/09/2026

Лојалноста не се докажува со зборови. Таа се гледа кога некој продолжува напред дури и кога патот не е лесен.

Ако некој во Мани Сервис ја живее оваа мисла со своите дела, тогаш тоа е нашиот Васе Тушевски.

Тивок и ненаметлив, но секогаш присутен кога е најпотребно. Човек кој низ годините никогаш не ѝ свртел грб на фирмата и кој својата припадност ја покажува на највредниот начин – со работа, посветеност и дела.

Прецизната механика е негов терен, а искуството, мирната рака и вниманието кон секој детал се неговиот потпис.

Знаењето создава добар мајстор. Карактерот создава човек на кого можеш да се потпреш.

Ти благодариме, Васе, за лојалноста, посветеноста и за тоа што си еден од луѓето на кои во Мани Сервис секогаш може да се смета.

27/08/2026

ФАБРИЧКО ПОДЕСУВАЊЕ

Кога амбицијата и трудољубивоста ќе се сплотат, квалитетот зборува сам за себе.Оваа мисла суштински го опишува нашиот ко...
19/08/2026

Кога амбицијата и трудољубивоста ќе се сплотат, квалитетот зборува сам за себе.

Оваа мисла суштински го опишува нашиот колега, Панче Шаматов, главен мајстор-заварувач во лимарскиот оддел на МАНИ СЕРВИС.

Посветен на работата, вреден и секогаш насочен кон тоа задачата да биде завршена како што треба. Панче е човек на кој тимот може да се потпре.

Неговата работа бара знаење, прецизност и одговорност, но и желба секој следен проект да биде сработен уште подобро.

Токму вакви луѓе стојат зад МАНИ СЕРВИС.

Панче, за уште многу години заедно!🍻

За доброто вино не е потребна реклама. За добриот мајстор – уште помалку.Доволно е да се каже неговото име.Во Мани Серви...
23/07/2026

За доброто вино не е потребна реклама. За добриот мајстор – уште помалку.

Доволно е да се каже неговото име.

Во Мани Сервис тоа име е – мајстор Драги.

Веќе две децении, неговите раце оставаат неизбришлива трага на безброј приколки и товарни возила. Зад секоја негова интервенција стојат прецизност, искуство и посветеност – квалитет што не се учи преку ноќ, туку се гради со години.

Многу клиенти останале восхитени од неговата работа. Но најголемата препорака за еден мајстор не се зборовите, туку делата.

А за Драги, 21 година мајсторство се најдобрата препорака.

Ти благодариме, Драги, што со гордост го носиш логото на Мани Сервис и што зад себе оставаш доверба, квалитет и пример што значи да се биде вистински мајстор. ❤️

Големината на еден човек не се мери според функцијата што ја има, туку според топлината, грижата и добрината што ги оста...
15/07/2026

Големината на еден човек не се мери според функцијата што ја има, туку според топлината, грижата и добрината што ги остава зад себе.

Денес сакаме да ви ја претставиме нашата тетка Лиле – човек кој веќе 16 години е дел од семејството на Мани Сервис.

За многумина таа не е само колешка, туку е личност која секогаш знаеше да се погрижи за другите – да подготви појадок, да направи салата, да свари кафе или едноставно, со еден мал гест, да покаже внимание и грижа.

Токму таквите луѓе ја прават компанијата повеќе од работно место. Тие создаваат атмосфера, блискост и чувство дека сме едно семејство.

Тетка Лиле, ти благодариме за сите години посветеност, добрина и грижа. Твоето место во семејството на Мани Сервис е посебно и незаменливо. ❤️

Кога клиентите избираат да соработуваат со Carrier Transicold, тие инвестираат во платформа која постојано се подобрува ...
11/07/2026

Кога клиентите избираат да соработуваат со Carrier Transicold, тие инвестираат во платформа која постојано се подобрува со текот на времето.

Нашиот тим претстави нова софтверска надградба за ладилните уреди Vector® HE 19 за приколки, која ја намалува потрошувачката на гориво до 19%. Не е потребна нова хардверска опрема – само попаметен софтвер, развиен врз основа на реални податоци и искуства од нашата платформа Lynx® Fleet, достапен во повеќе од 800 овластени сервисни центри низ Европа.

Ние развиваме интелигентни и поврзани производи кои продолжуваат да создаваат вредност долго време по нивното напуштање на производствената линија, овозможувајќи им на клиентите јасен пат кон пониски оперативни трошоци и намалени емисии на штетни гасови.

Горди сме на тимот на Carrier Transicold Truck Trailer Refrigeration за уште еден одличен пример за иновација насочена кон потребите на клиентите.

https://www.carrier.com/truck-trailer/en/eu/news/news-article/carrier-transicold-software-update-cuts-fuel-use-up-to-19--for-vector-he-19-fleets---no-hardware-change-required.html

Address

Kliment Ohridski 105
Strumica
2400

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00
Saturday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when MANI Service posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to MANI Service:

Shortcuts

Share