05/06/2026
СУБВЕНЦИИ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА за купена и вградена инвертер клима .
Субвенцијата е во вредност од 50 % од инвартер климата но не повејке од 20.000 денари .
КЛИМА МАРКЕТ ИВА ја има најголемата понуда на инвертер клими од сите брендови и јачини .
За повеќе информации на 070 341 795
Услови што треба да ги исполни барателот:
Барателот треба да ги исполни следните услови:
да е жител на Општина Гази Баба,
да нема искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство (станбен објект) од било кој извор на РСМ,
да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут
(нема да се прифатат ќумбиња за печење пиперки,ајвар итн),
да ја предаде постојната печка на јаглен, дрва, нафта или мазут на општината исклучиво по добивање на известување за место и време на предавање на печката од страна на комисијата
(предадената печка мора да се совпаѓа со фотографијата од печката при поднесување, во спротивно барањето ќе биде одбиено),
набавениот уред да биде купен во 2026 година, во период од објавување на јавниот повик и истиот да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
набавениот уред задолжително да ги има најмалку следните карактеристики: да има најмалку COP 5, да грее на надворешна температура од -15°C и биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење,
станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи или бил корисник,
да има платено данок на имот за станбениот објект во кој ќе биде инсталирана високо ефикасниот клима уред заклучно со 2025 година.