18/08/2026
🔙 Throwback на проект на кој сме особено горди!🙌
Некои проекти не се само деловен ангажман – тие оставаат трага во заедницата и создаваат подобри услови за живот.
Ленди Груп беше дел од проектот за уредување на речното корито на река Серава, проект кој започна пред неколку години и денес е пред своето целосно завршување.
Во рамки на проектот се уредија значајни делови од речното корито, со цел поголема заштита, уреден простор и подобра инфраструктура за жителите.
800 метри уредено речно корито со камен – резултат зад кој стои многу работа, посветеност и тимски ангажман.
Горди сме што бевме дел од проект кој останува како трајно решение и придонес за средината во која живееме и работиме.
📸 Денес се навраќаме на почетоците, но уште повеќе се радуваме на финалниот резултат.
Lendi Group – горди на проектите што оставаат трага.