23/08/2026
Почитувани Слојчани,
Чествувањето на празникот на нашата заштитничка, Пресвета Богородица, ќе започне со празнична богослужба во петок во 7:00 часот.
Да се собереме заедно во нашиот храм, со молитва и благодарност, да го прославиме овој голем празник и да побараме од Пресвета Богородица да ги чува и застапува нашите семејства, нашиот народ и нашиот роден крај.
Добредојдени се сите Слојчани!
Нека ни е честит и благословен празникот на Успението на Пресвета Богородица!