12/02/2026
Ви го презентирам првиот проект изработен со 21700 ќелии за електричен скутер.
Ова се неколку слики од првиот голем проект за изработка на батерија за електричен скутер(веспа во случајов) каде изработена е батерија во два дела и која зафаќа буквално 100% од просторот во моторот кога е намонтирана.
Кога е намонтирана батеријата се однесува како една цела батерија а не како 2. Изработена е со бакарни собирници со цел да има минимално загревање, минимална отпорност со што и минимални загуби на пренесување на енергија.
Спецификациите на батеријата се:
Номинален напон -72V
Капацитет - 110Ah (или 110 000 mAh)
Константна излезна моќност - 15 kW
Максимална излезна моќност - 22kW (неколку секунди)
Состав на ќелиите - 20S22P (односно вкупно се 440 ќелии)
Домет на новата батерија - 250 km
+ Полначот за батериите (појак од оригиналниот) е вграден во самиот мотор со што за полнење потребен е само кабел од штекер до моторот (нешто слично како кај десктоп компјутерите)
Доколку имате мотор или уред на кој сакате изградба на батерија со високи спецификации и/или специфични димензии, слободно исконтактирај те не. Ништо не е невозможно.
Секако може и изградба на батерии со помали капацитети и со други типови на ќелии.