04/05/2026
Проектот претставува адаптација на влезниот дел од поткровје во компактен дневен боравок со чајна кујна. Еден од главните предизвици беше отсуството на природна светлина, што наложи креирање на слоевито вештачко осветлување со цел да се постигне пријатна и функционална атмосфера.
Просторот е опремен со готови мебелски елементи (не по мерка), кои преку внимателен избор на материјали, бои и пропорции се вклопени во единствен визуелен концепт. Светлите тонови и минималистичкиот пристап придонесуваат за чувство на просторност, додека топлите текстури внесуваат баланс и удобност 🏠
⇢ За сите дополнителни информации, прашања или можни соработки, стоиме на располагање преку инбокс или Viber/WhatsApp/ email.
• +389 71 740 428
• [email protected]